
Новата ѕвезда на Барселона, Роберт Левандовски, изрази задоволство за настапот на тимот при победата од 4-1 над Реал Сосиедад, но и подвлече дека каталонскиот тим има уште што да подобри. Напаѓачот ги постигна своите први два гола за Барселона во Ла Лига, на својот 34. роденден.
„Првиот гол што го постигнувам во секоја моја нова екипа е секогаш за татко ми, кој ме гледа од небото. Тоа беше неверојатно, јас сум многу среќен и горд на тимот, бидејќи во вториот дел одигравме многу добро и постигнавме четири гола. Одевме напред, игравме побрзо и создававме слободни простори. Сега се враќам во Барселона и можам да уживам во следните неколку дена. Првиот натпревар не беше добар, се беше ново. Во првите неколку недели треба да продолжиме да се запознаваме и секој следен дуел ќе биде подобар. Има многу млади фудбалери со кои брзо се разбирам на теренот“, изјави Левандовски.
Барселона во следното коло го пречекува Валјадолид на „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
