Баерн Минхен на три натпревари во Бундес – лигата постигна дури 15 гола, а прими само еден. Така Баерн стана првиот тим во историјата на германското првенство со ваков старт на една сезона. Рекорден е и податокот дека на првите два меча на гости постигнаа дури 13 гола.
Секако, германските новинари веднаш ја искористија приликата да го прозиваат Роберт Левандовски и заклучија дека на Баварците воопшто не им недостига Полјакот и дека сега се уште подобри отколку што беа.
Баерн дефинитивно нема да има конкуренција во Германија и прашање е само кога ќе освои нова титула, па избраниците на Џулијан Нагелсман ќе можат целосно да се посветат на предизвиците во Лигата на шампионите.
Баварците сакаат да ја продолжат импресивната серија в сабота на домашен терен против Борусија Менхенгладбах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













