Наполи продолжува со силни трансферни активности во последните неколку дена. По потписите на Џовани Симеоне и Тангуј Ндомбеле, клубот го официјализираше договорот со напаѓачот на Сасуоло, Џакомо Распадори.
Трансферот е реализиран со едногодишна позајмица за 5 милиони евра, а вклучува задолжителна опција за купување во износ од 25 милиони евра. Последниот детал се бонусите, 3 милиони евра поврзани со три настапи во Лигата на шампионите во следните пет сезони и дополнителни 2 милиони евра поврзани со бројот на натпревари, голови и асистенции на 22-годишниот напаѓач.
Распадори е дете на Сасуоло. Офанзивниот фудбалер за првиот тим одигра 82 натпревари на кои постигна 18 гола и забележа девет асистенции. Тој е и италијански репрезентативец со 13 настапи, три гола и една асистенција за националниот тим со кој пред една година стана европски првак.
🤝 Welcome Giacomo! 🤩
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) August 20, 2022
👉 https://t.co/Iy3SLLN67I
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/FCGmtZuKcI
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













