
Жозе Мурињо има големи работи на ум за Рома оваа сезона. Римјаните успеаја да привлечат во своjoт тим играч од калибарот на Пауло Дибала. „Волчицата“ сака да се врати меѓу четирите најдобри, но не бега ниту од трката за „скудетото“.
Во првото коло ја победија Салернитана со минимален резултат, за два дена се среќаваат со Кремонезе, се очекува победа на „волчицата“, а потоа следува дербито со Јувентус.
Двете големи екипи на Италија би можеле повторно да бидат во бизнис.
Рома го сака Денис Закарија, играчот од средниот ред кој пристигна од Борусија Менхенгладбах во јануари оваа година. Трансферот на Швајцарецот би му помогнал и на Јувентус кој сака што поскоро да го реализира доведувањето на Леандро Паредес од ПСЖ.
Мурињо нема да има лесна работа, затоа што Закарија наводно го следи и Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
