Напаѓачот на Челси, Рахим Стерлинг, објасни зошто решил да го напушти Манчестер Сити ова лето и да потпише за тимот предводен од Томас Тухел. Стерлинг истакна дека почувствувал дека го троши своето време поминувајќи значителен период на клупата на „граѓаните“ и дека трансфер бил единствената опција за него.
Фудбалерот веќе дебитираше за Челси во победата од 1-0 над Евертон во првото коло од Премиер – лигата.
„Трансферот се случи бидејќи мојата минутажа стануваше сериозно ограничена и не можев да си го дозволам тоа. Затоа ја искористив шансата да се префрлам во друг тим. Се обидов да се борам и да ја сменам ситуацијата, но не успеав“, објасни Рахим Стерлинг.
Трансферот не го сфаќа како чекор назад во кариерата.
„Челси играше четири или пет финалиња во последните години. Ова покажува дека тие се конкурентни и се развиваат, па мојот избор е вистинскиот. Го оценувам мојот настап според тоа колку сум ефикасен за тимот. На средбата со Евертон играв како лажна деветка и сакав да му помогнам на тимот. Веќе имам 27 години и ги знам моите можности, знам што можам да придонесам за тимот и нема да прифатам ништо помалку“, истакна Стерлинг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













