
Наполи го комплетираше најголемиот „дил“ ова лето привлекувајќи го напаѓачот на Верона, Џовани Симеоне. Тој пристигнува на стадионот „Диего Армандо Марадона“, пренесуваат медиумите во Италија.
Синот на легендарниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, доаѓа во Неапол на едногодишна позајмица вредна 3 милиони евра, со право на откуп за 12 милиони евра.
Во исто време, Наполи се договори за позајмица на својот напаѓач Андреа Петања на новиот член на Серија А, амбициозната Монца, кој ќе мора да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната доколку избори опстанок во друштво на најдобрите за 10 милиони евра.
Симеоне одигра брилијантно минатата сезона во Верона, 27-годишниот фудбалер постигна 17 гола во Серија А и беше една од желбите на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ова лето, а се споменуваа и Атлетико Мадрид на неговиот татко и Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
