Вахид Халилхоџиќ веќе не е селектор на Мароко. Фудбалската федерација на Мароко објави дека ја раскина соработката со Халилхоџиќ.
„Со оглед на несогласувањата меѓу Фудбалската федерација на Мароко и селекторот Вахид Халилхоџиќ за тоа како најдобро да се подготви фудбалската репрезентација за Светското првенство во Катар во 2022 година, двете страни решија да се разделат“, соопшти федерацијата.
Халилхоџиќ изминативе месеци имаше неколку кавги со најголемите марокански ѕвезди и неколку од нив исфрли од репрезентацијата. Федерацијата сега вети дека ќе ја врати најголемата ѕвезда Хаким Зијеч во репрезентацијата за Светското првенство.
Халилхоџиќ третпат во кариерата добива отказ пред мундијалот, а претходно тоа му се случи со Брегот на Слоновата Коска во 2010 година и со Јапонија во 2018 година. Халилхоџиќ го предводеше Мароко на 30 натпревари и забележа 20 победи со само три порази. Тој ја напушта репрезентацијата која се наоѓа на 22. место на ранг-листата на ФИФА.
На Светското првенство во Катар, Мароко ќе игра во група со Хрватска, Белгија и со Канада.
Нов селектор на репрезентацијата ќе биде Валид Реграги, а ќе потпише договор до 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal