
Барселона на секој начин го притиска Френки де Јонг да замине од „Камп Ноу“ или да се согласи на намалување на платата, но Холанѓанецот нема да се откаже.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Де Јонг е разочаран од начинот на кој клубот сака да го оцрни неговото име и неговите претставници, но исто така и нема да дозволи да попушти под притисокот.
Продолжувањето на договорот на Де Јонг од октомври 2020 година е сомнително и предмет на властите, заедно со договорите на Пике, Тер-Штеген и на Ленгле.
Додека Пике и Тер-Штеген се подготвени да се вратат на старите патеки и да прифатат намалување на платата, Де Јонг не помислува да се согласи на тоа.
Неговите претставници изјавија дека има 0% шанси Де Јонг да потпише нешто и дека целата работа ќе ја препуштат на адвокатите на Ла Лига, ФИФА и на УЕФА.
Де Јонг сака да остане во Барселона, има огромна мотивација да се докажува од спортската страна, а неговиот однос со Чави се уште е одличен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
