Српскиот шампион Црвена Звезда на надмоќен начин го елиминира ерменскиот Пјуник, победи и на реваншот со 0-2 (вкупно 7-0) и се пласира во плејофот за пласман во групите од ЛШ каде ќе се сретне со Макаби Хаифа.
Гејлор Канга во 44.минута донесе водство од пенал, откако претходно Александар Катаи не успеа да реализира од белата точка. Во вториот дел, Милан Павков во 60.минута со удар со глава го постави конечниот резултат.
Аполон Лимасол го совлада Макаби Хаифа со 2-0, но тоа беше недоволно со оглед дека израелскиот тим победи на првиот меч со 4-0.
Плзен го победи Шериф Тираспол со 2-1, а Жалгирис и Бодо/Глимт ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













