
Англискиот првак Манчестер Сити е подготвен да го продаде Бернардо Силва. Јасно е колку Гвардиола го цени Португалецот, во неколку наврати го нарече најдобар играч на „граѓаните“, но ќе одлучи желбата на Силва да замине на „Камп Ноу“. Офанзивниот играч за врска сака промена, поточно преселба во Барселона која дефинитивно ќе руши рекорди ова лето иако клубот е во финансиски проблеми.
Трансферот на Бернардо се очекува да ја чини Барса околу 60 милиони евра. Но, „граѓаните“ нема да седат со скрстени раце по заминувањето на Португалецот, а веќе е позната следната цел на клубот од „Итихад“. Оваа вест нема да им се допадне ниту на навивачите на Ливерпул. Пеп Гвардиола сака да го донесе Џуд Белингем.
Првотимецот на Борусија Дортмунд, а сепак тинејџер, е голема желба на Сити и на Ливерпул! Продажбата на Бернардо може да го забрза враќањето на деветнаесетгодишникот во Англија, каде ги бранеше боите на Бирмингем. Џуд пред две години замина во Борусија Дортмунд за сума од 25 милиони евра, без воопшто да заигра во Премиер – лигата.
Клоп го „пикираше“ за следното лето, но Гвардиола и Сити би можеле да бидат побрзи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
