
Во Истанбул е разобличена и разбиена обложувачка мафија наречена „Тотобо“, која се протега од Германија до Турција, а ја вклучува и Македонија. Приведени биле 59 членови од мафијата, која остварила добивка од една милијарди лири, односно 55 милиони евра.
Своите операции со илегално обложување ги вршела во Турција, Германија и во Македонија, пренесува турскиот весник „Милијет“.
Полицијата извршила координирана операција во 8 турски градови, а бил преведен водачот на бандата Озкан Г.
Полициската операција траела осум месеци, а приведени се 59 членови во Истанбул.
Истражувањето покажува и сомнеж дека дел од парите завршувале за финансирање на терористичка организација. Истрагата продолжува и во наредниот период, а има сомневања и за нејно проширување.
Членовите на организацијата купувале панел од легална кладилница од Германија и потоа го изнајмувале и го носеле во Истанбул. Отворале застапништва во Истанбул, и во други градови и продолжуваат со незаконски обложувачки активности.
По следењето на сметките на членовите, било утврдено дека оствариле промет од 1 милијарда лири, кои биле префрлени во Македонија преку криптовалути. За централната банка да не ги следи овие пари, се формирале уплати со по најмногу 15 илјади долари и тие средства биле акумулирани на една сметка, потоа претворани во криптовалути и трансферирани во Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку
