
Роберт Левандовски веќе не е играч на Баерн Минхен, но останува приврзан за тимот и за градот, иако неговото заминување беше проследено со многу коментари. Полскиот напаѓач викендов се врати во Минхен за да се збогува со поранешните соиграчи и да ги „испегла“ недоразбирањата со управата на клубот.
„Беше чудно чувството да се излезе во тренинг-базата за последен пат. Баерн и градот ми значат многу. Моите две ќерки се родени во Минхен. Сакав да се збогувам со сите – играчите, шефовите, вработените во клубот. Никој не може да ни го одземе тоа што го постигнавме во овие осум години. Секогаш ќе ги паметам петте гола против Волфсбург, рекордот од 41 гол во една сезона и шесте пехари под водство на Ханси Флик“, изјави Левандовски.
„Ќе ми недостасуваат многу работи, но најмногу атмосферата во соблекувалната. Со текот на годините сите ние изградивме посебна врска еден со друг. Ова ги вклучува не само фудбалерите туку и луѓето кои работат во клубот. Сепак, јас сум човек кој гледа напред. Време е да свртиме нова страница“, изјави Полјакот.
„За мене беше важно да нема негативни чувства за моето заминување. Ситуацијата беше тешка за сите и моравме да го најдеме најдоброто решение. На крајот на краиштата, сите ние сме луѓе, нели? По 12 години во Германија, беше јасно дека моето време овде истече. Сакав да го разјаснам тоа и знаев дека нема да биде лесно Баерн да се согласи да ме продаде. Знам дека моите зборови ги повредуваат навивачите. Ги разбирам и можам само да им се извинам. Во тој момент, сепак, важно беше категорично да ја покажам мојата желба за заминување“, објасни Левандовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
