Connect with us

Наполи го купува Распадори од Сасуоло

Наполи е блиску до потписот на напаѓачот Џакомо Распадори од Сасуоло. Се очекува „наполитанците“ да платат 35 милиони евра за италијанскиот репрезентативец, на кои ќе бидат вклучени бонуси и евентуален процент од идната продажба на играчот.


Сасуоло ќе се раздели со Распадори под многу слични услови како оние под кои го пуштија Џанлука Скамакака во Вест Хем.

Наполи работи на уште два договори, но со Пари Сен Жермен. Трансферот на играчот од средниот ред Фабијан Руиз на „Паркот на принцовите“ е речиси сигурен, а паралелно „наполитанците“ се обидуваат да преговараат за потписот на голманот Кејлор Навас.

Сасуоло веќе најде замена за Распадори, а тоа е Андреа Пинамонти од Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови