Пари Сен Жермен е подготвен да започне нова офанзива за дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, пишува „Газета дело спорт“. Претходно ова лето, францускиот шампион даде неколку понуди за Шкриниар, од кои последната беше вредна 60 милиони евра, плус бонуси.
„Нероаѕурите“ ги одбија сите пристигнати понуди, инсистирајќи да се исполни нивното барање за 70 милиони евра.
Се чинеше дека ова го олади интересот на ПСЖ за словачкиот интернационалец, но, сепак, тренерот Кристоф Галтие инсистира да има уште еден квалитетен дефанзивец, а одамна изборот е токму Шкриниар.
Доколку ПСЖ плати 70 милиони евра, тогаш трансферот ќе се реализира многу брзо, тврди „Газета дело спорт“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













