
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е убеден дека синоќешниот тежок пораз (0-4) на пријателскиот натпревар против Атлетико Мадрид може само да му помогне на неговиот тим. Тој исто така нагласи дека ставот на неговите играчи дефинитивно мора да биде различен на првиот натпревар од сезоната против Сасуоло.
„По овој пораз може да биде само на подобро. Влеговме во натпреварот уморни со оглед на нашата напорна работа откако се вративме од Америка. Атлетико дефинитивно е во понапредна фаза од подготвителната сезона, но се уште нема простор за изговори. Единствено решение е да бидеме фокусирани и да се подготвиме за стартот на сезоната против Сасуоло. Мораме да ги најдеме позитивните страни во негативните ситуации. Имаме една недела да се подготвиме, најмногу психички. Знаеме дека кога се во прашање три бода, нашиот став ќе биде поинаков“, изјави Алегри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
