Манчестер Јунајтед работи на трансферот на играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио. 27-годишниот Французин има договор со „бјанконерите“ на уште 12 месеци и веќе се претвора во една од главните цели на Ерик тен Хаг за дополнително засилување на „црвените ѓаволи“ во средниот ред.
Јунајтед веќе го ангажираше Кристијан Ериксен и продолжува да се обидува да го ангажира Френки де Јонг од Барселона. Toj не сака да слушне за напуштање на каталонскиот клуб, а вчера претседателот на Барселона, Hоан Лапорта уште еднаш објави дека Холанѓанецот ќе остане на „Камп Ноу“.
Во оваа ситуација Јунајтед ќе ги насочи сите сили само кон Рабио. До крајот на преодниот рок, Тен Хаг бара најмалку уште двајца нови играчи, по еден за средниот ред и за нападот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













