Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани практично ги договори сите услови, но во последен момент одби да потпише за Бока Јуниорс. На крајот, сепак, тој одлучил да остане во Европа по разговорите со спортскиот директор Хуан Роман Рикелме.
Наводно и неговото семејство не сака да се пресели во Буенос Аирес, па Кавани продолжува да фантазира за животот во Шпанија.
Тој повеќе би сакал да оди во Ла Лига, но прашање е каде може. Зимата се споменуваше Барса, но сега дефинитивно нема место таму. Атлетико Мадрид исто така има и полн напаѓачки ростер, но затоа Реал бара уште еден напаѓач.
Карим Бензема е единствениот вистински напаѓач, си заминаа Лука Јовиќ и Борха Мајорал, Маријано Дијаз ќе ги следи, а на Реал му е потребна резервна „деветка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













