
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, по победата од 6-0 над Унам Пумас за трофејот „Гампер“ изјави дека се подготвува за иднина во која на располагање ќе го има и Френки де Јонг, играчот за врска кој дојде во 2019 година од Ајакс за 85 милиони евра.
„Тој знае што мислам и што сака и му треба клубот. Секако дека сметам на него, тој е одличен играч“, изјави Чави.
Де Јонг цело лето беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, под водство на неговиот поранешен тренер Ерик тен Хаг. Сепак, неколку пати самиот посочи дека со задоволство би останал во каталонскиот клуб, а каталонскиот клуб би го продале единствено за да ги среди финансиските проблеми и да отвори простор на другите нови играчи. Но, очигледно дека нема ништо од продажбата на Де Јонг.
Тој синоќа се запиша и во листата на стрелците во триумфот од 6-0 над Унам Пумас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
