Тимо Вернер е се поблиску до враќање во Лајпциг, тврди „Скај Германија“, наведувајќи дека преговорите забрзано напредувале во последните денови. Напаѓачот на Челси, кој се мачеше на „Стемфорд бриџ“, не се запиша во листата на стрелците на саботниот натпревар со Евертон.
Германецот сака да се врати во Бундес – лигата за да ја добие потребната минутажа и да заработи место во националниот тим за Светското првенство во Катар.
За Вернер беше заинтересиран и Јувентус, но 26-годишниот фудбалер сака да се врати во Лајпциг. Останува да видиме дали ќе замине на позајмица со обврска за купување на крајот од сезоната или веднаш ќе биде откупен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













