
Македонскиот првак Шкупи загуби со 3-1 против Шамрок Роверс во Даблин на првиот меч од третата квалификациска рунда во Лигата на Европа. Тимот на Гоце Седлоски ќе има реванш во Скопје за седум дена, за да ја надомести негативата и да ја претвори во пласман во плејофот за групна фаза во ЛЕ.
Гостувањето во Ирска и на теренот му донесе проблеми на Шкупи. Откако експедицијата беше приморана, можеби и намерно, да слета 300 километри од Даблин, вечерва прими гол од пенал, а во финишот остана и со играч помалку поради исклучувањето на Валид Хамиди во 84.минута. А тоа донесе и уште еден гол за ривалот, и тоа во седмата минута од судиското продолжение.

Новото засилување Алберт Диене во 13.минута на невнимателен начин стартуваше во шеснаесетникот, по што беше досуден пенал за Шамрок. Успешен реализатор беше Грем Бурк.
Во 29.минута, по една брза акција на домашниот тим, Дилан Вотс зголеми на 2-0, откако погоди во долниот десен агол од голот на Наумовски.

Но, Шкупи не се предаде лесно. Имаше неколку сериозни закани, а домашниот голман беше одличен. Но, не можеше да го спречи погодокот на Бразилецот Куевен во 77.минута. Тој распали од далечина и постигна прекрасен погодок.
Сепак, само седум минути подоцна Хамиди доби црвен картон и тоа беше кобно. Шамрок постигна уште еден гол, и тоа во седмата минута од судиското продолжение, а стрелец беше Гери О’Нил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
