Бернд Лено го напуштa Арсенал, но не и Лондон. Тој кариерата ќе ја продолжи во Фулам.
Иако Арсенал прво бараше 13 милиони евра за Германецот „топџиите“ одлучија да попуштат во преговорите и да го продадат на Фулам за 9,5 милиони евра за да заработат уште нешто ова лето.
Бернд Лено на „Емирати“ пристигна летото 2018 година од Баер Леверкузен за 25 милиони евра. Првите три сезони беше стандарден на голот, но потоа го загуби местото помеѓу првите единаесетмина.
Минатата година тој јавно го критикуваше тренерот Артета што го отстрани од првиот тим и така само си го влоши својот статус.
Во Фулам се очекуваЛено да биде прв голман пред Марек Родак и Пол Газанига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













