Новото засилување на Челси, Калиду Кулибали, покажа огромен респект кон легендата на клубот Џон Тери и му се јави на телефон за да побара благослов во иднина да го носи „неговиот“ дрес со број „26“.
„Жал за мојот англиски, кој не е толку добар, но ќе се обидам. Џон, би сакал да те прашам нешто бидејќи, како што знаеш, играв со бројот „26“ во Наполи и видов дека откако си заминал од клубот, никој не го носел бројот „26“. Не знам дали е вон употреба, или никој не го сакаше, но би сакал да ве прашам дали е можно да се земе“, праша Кулибали.
Џон Тери одговори во стилот на легенда.
„Бројот „26“ беше многу посебен за мене. Да, пријателе, многу ценам што ми се јавуваш и не ми е проблем да ја земеш, би било апсолутно задоволство. Ти посакувам среќа затоа што знам колку ми беше важен бројот и, секако, видов дека носиш „26“, па затоа ми е задоволство, пријателе, што ти го давам бројот 26“, одговори Џон Тери.
📌 July 15th, 2022
— Koulibaly Kalidou (@kkoulibaly26) August 1, 2022
Better call…@JohnTerry26 💙
Honored and Proud 🙏🏿#KK @ChelseaFC pic.twitter.com/uYeVA5y7PL
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal