Connect with us

Баерн го доведе и најдобриот пријател на Садио Мане

Сенегалецот Садио Мане е новата ѕвезда на Баерн Минхен и се чини дека одлично се вклопува во новиот клуб. Тој беше стрелец на Суперкупот против Лајпциг и веќе го освои првиот трофеј со баварскиот клуб.


Раководството на клубот гледа да му угоди на Мане на секој начин, па така на „Алијанц арнеа“ пристигна и неговиот најдобар пријател, Десире Сегбе.

Сегбе, кој е репрезентативец на Бенин, потпиша двегодишен договор и ќе настапува за резервниот тим на Баерн. Пред да дојде во Германија, Сегбе играше во пониските лиги во Романија и во Франција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови