
Италијанскиот калчолигаш Наполи ова лето го искористи за подмладување на тимот. Клубот го напуштија голманот Оспина, Калида Кулибали, Дрис Мертенс и Лоренцо Инсиње. Сите имаат над 30 години, а клубот како замена донесе многу помлади играчи.
Сепак, нема да застане тука.
Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, пристигнува во Неапол на позајмица. „Сините“ сакаат да се ослободат од Шпанецот кој го платија 80 милиони евра во 2018 година кога дојде од Атлетик Билбао, па додека е во Неапол ќе покриваат дури 75 отсто од неговата плата.
Друг играч кој треба да дојде на југот на Италија е младиот играч на Сасуоло, Џакомо Распадори. Тој ги договорил личните услови со клубот за петгодишен договор, според кој би земал плата од 2,5 милиони евра. Останува двата клуба да се договорат за цената на обештетувањето.
Третиот играч кој е на мета на „наполитанците“ е Доминик Шобошлаи, унгарски репрезентативец од Лајпциг. Тој треба да биде замена за Пјотр Зиелински кој ќе оди во Вест Хем. Требаше да чини 30 милиони евра, а Лучијано Спалети е голем фан на Унгарецот и би сакал да го види во неговиот подмладен тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
