Враќањето на Лионел Меси е повторно тема на „Камп Ноу“, а за тоа проговори и неговиот поранешен соиграч, сега тренер на Барселона, Чави Хернандез.
„Посакувам да не заврши времето на Меси во Барселона. Тој заслужува втора шанса. Би сакал да се врати. Апсолутно сум за тоа”, изјави Чави.
Меси мораше да замине во ПСЖ, но не се снајде најдобро првата сезона, ефектот не беше ни далеку идентичен како претходно во Барселона, а за него секако е шокантно и дека не е прва ѕвезда на тимот. Килијан Мбапе едноставно е обожуван во Франција и репи да остане во Париз наместо да се пресели во Реал Мадрид.
Меси има уште една сезона од договор со ПСЖ, по што не би имало никакви пречки да се врати во Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













