Шкендија обезбеди пласман во третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, откако и вторпат го совлада летонскиот тим Валмиера. Синоќа на арената „Тодор Проески“, фудбалерите на Артим Шаќири победија со 3-1 и го потврдија двомечот со шведскиот тим АИК.
Првиот меч ќе се игра во Стокхолм на 4.август, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.
„Победата е на играчите бидејќи навистина ја заслужија. Можеби не игравме најдобро на моменти, но, сепак, заслужено се пласиравме во третото коло. Задоволен сум од залагањето на играчите, а сега треба да се фокусираме на следниот противник, АИК. Ги познавам уште од периодот кога играв во Шведска, пред повеќе од две децении. Сигурно ќе добиеме вистински информации за нив и ќе се подготвиме“, изјави Артим Шаќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













