Македонија Ѓорче Петров вечерва (19 часот) го игра реванш натпреварот против ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. По првиот меч и двете екипи не обезбедија предност, а тренерот на „лавовите“, Муарем Бајрами, фаворитската улога ја препушта на бугарскиот тим.
„Тргнуваме од почеток и ЦСКА Софија е фаворит, со оглед дека ќе игра на домашен терен. Но, ние далеку од тоа дека лесно ќе се предадеме. Знаеме дека не очекува тежок натпревар, но ние сме подготвени за сите искушенија“, изјави Муарем Бајрами.
„Лавовите“ ќе се обидат со цврста игра во одбраната и противнапади да најдат одговор за составот на ЦСКА Софија, која важи за фаворит за пласман во следната рунда.
УЕФА направи изненадувачка замена на судиите за натпреварот ЦСКА Софија – Македонија ЃП од Конференциската лига. Англискиот квартет објавен пред неколку недели, предводен од главниот судија Дејвид Кут, кој има 20 натпревари во Премиер – лигата, беше повлечен без конкретна наведување на причините за промената
Наместо британски судии, во Софија пристигна судиски тим од Романија. Главен судија вечерва ќе биде 40-годишниот Марсел Бирсан со помошниците Раду Гингулиак и Мирчеа Григориу, а четврти судија е Јулијан Дима.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski