Англискиот првак Манчестер Сити го доведе норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ова лето, а Реал Мадрид планира да го купи по две години. Медиумите на Островот успеаја да ги откријат двете откупни клаузули во неговиот договор со „граѓаните“.
Првата откупна клазула може да биде активирана во 2024 година, тогаш Халанд може да замине ако некој клуб за него плати 200 милиони евра.
Втората клазула важи една година подоцна и за неа откупната клазула е 175 милиони евра. Станува збор за големи суми, но со оглед на квалитетот и потенцијалот што го има Ерлинг Халанд, сосема реално.
Англиските закони не дозволуваат класична откупна клазула, но тие се поврзани со одреден ефект на теренот, а поставените услови за Халанд се лесно остварливи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













