Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски во интервју за хрватскиот „Јутарњи лист“ говореше за македонскиот фудбал. Тој потенцираше дека Македонија не знае да ја чува традицијата и брендовите како што е Вардар.
„Македонскиот фудбал не е сјаен, што се вели, колку пари – толку музика! Фудбалот денеска е голем бизнис, а во Македонија стагнира инфраструктурата. Се надевам дека ќе дојдат и нашите пет минути. Ете, Вардар пред неколку години играше групи во Лига Европа, а сега е во втора лига и многу ми е жал за тоа. Не знаеме да ја чуваме традицијата, не знаеме да чуваме бренд. Многу клубови, кошаркарски, ракометни, фудбалски – пропаѓаат. Мора да си одите од Македонија за да станете фудбалер и во овој момент не гледам во кој клуб може подолго да останете. Динамо е пример како треба да се работи“, изјави Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













