
Челси и Јувентус преговараат за трансфер на Матијс де Лихт на „Стемфорд бриџ“, а се поизвесно е дека во преговорите ќе биде вклучен уште некој фудбалер.
Де Лихт е примарна трансфер цел на „сините“ кои ова лето останаа без Кристенсен и Рудигер, па веќе започнаа преговори со Јувентус.
Првата понуда на Челси изнесува 40 милиони евра плус Тимо Вернер, пренесува „Скај Италија“, но Јувентус бара сосема други фудбалери. Тие сакаат или Жоргињо или Канте да пристигнат во Торино.
Притоа, „бјанконерите“ бараат поголема сума на пари, бидејќи го проценуваат Де Лихт на 85 милиони евра.
Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Челси да се согласи во понудата да го вклучи Жоргињо, бидејќи влезе во последната година од договорот и сака да се врати во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal