
Македонскиот првак Шкупи одигра 2-2 против турскиот гигант Фенербахче на пријателскиот натптрвар во Турција. Чаирчани двапати имаа водство, а Фенербахче израмнуваше и на крајот се спаси од пораз.
Во 12.минута, Фреди Алварез асистираше, а Сандеј Адетунџи ја погоди мрежата на Фенербахче за водство од 0-1, но само пет минути подоцна домашните израмнија со голот на Линколн.

На почетокот на второто полувреме, повторно Алварез беше асистент, а Адетунџи стрелец за ново водство за Шкупи. Сепак, Ференбахче успеа да израмни и вторпат во 82.минута.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски мечот го започна во следниот состав: Наумовски, Сенгор, Маргвелашвили, Брдаровски, Шеји, Златков, Алварез, Куевен, Хамиди, Данфа, Адетунџи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
