Турскиот гигант Фенербахче повторно сака да купи македонски талентиран фудбалер. После Елиф Елмас, актуелниот младински репрезентативец и член на Македонија ЃП, Сефер Емини, би можел да биде следниот македонски играч кој ќе го носи дресот на Фенербахче, откриваат турските медиуми.
Скаутите на Фенербахче подолг период ги следеле игрите на Сефер Емини и дале одличен рапорт кај раководството на клубот. Сега на потег е управата која треба да го направи конкретниот чекор и да даде понуда за фудбалерот за врска на Македонија ЃП.
Сефер Емини неодамна потпиша нов договор со „лавовите“, но сигурно дека доколку пристигне понуда од Фенербахче, ѓорчепетровци нема да му прават проблеми на својот фудбалер. а ќе добијат голема отштета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













