
Еден од хероите на триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите оваа сезона е младиот 21-годишен Бразилец Родриго. Токму тој со два гола го започна сензационалниот пресврт во судиското продолжение на реваншот од полуфиналето против Манчестер Сити, кој на крајот го комплетираше Бензема во продолжението.
Пред три години имаше многумина на кои не им беше јасно зошто Реал на Сантош му даде дури 45 милиони евра за дете до 18 години, кое дотогаш одигра само 49 сениорски натпревари. Се испостави дека Реал не е единствениот клуб кој го сакал младиот напаѓач.
Во интервју за подкастот „Jota Jota“, Родриго откри дека Барселона исто така била заинтересирана и му понудила договор.
„Се вратив дома после натпревар. Имав дрес на Реал Мадрид во мојата куќа и татко ми влезе во собата со тој дрес и дресот на Барселона и рече „одбери сега“. Го избрав дресот на Реал“, изјави Бразилецот.
Родриго, исто така, детално опиша како неговиот татко всушност го договорил договорот со Барселона, и бил потребен само потписот на Родриго за склучување на договор. Сепак, младиот фудбалер го избра Реал и дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор
