
Лабуништа и Тиквеш живеат свои историски денови. Второпласираните екипи од Вторите лиги на Западот и Истокот во изминатава сезона денеска од 16:30 часот на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров го очекуваат меѓусебниот плеј-оф дуел за прволоигашка промоција.
Фудбалерите на Лабуништа од вчера се во Скопје реализирајќи и официјален тренинг на стадионот на Ѓорче Петров. Веруваат дека можат да дојдат до победа против Тиквеш која потоа ќе донесе финална бараж пресметка за влез во Првата лига.
Лабуништа ќе има сериозна поддршка од навивачката група „Гмечери“ кои веќе се во Скопје.
Максимална поддршка од своите навивачи „Лозари“ ќе има и Тиквеш. Кавадарчани во бројка поголема од 1.000 навивачи ќе бидат поддршка за своите фудбалери.
Капитенот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов верува дека може да се победи Лабуништа и да се обезбеди финална бараж пресметка против Силекс која ќе се игра на 5. јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
