Голманот Игор Алексовски е ново засилување за Работнички. Членот на „златната генерација“ млади македонски фудбалери до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“ и во претстојната сезона ќе го чува голот на Работнички.
Алексовски доаѓа од редовите на Ренова, а претходно во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Вардар и за Шкупи.
„Работнички е еден од најреномираните клубови во Македонија и ќе ми биде чест да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, изјави Игор Алексовски за официјалниот сајт на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













