
Второлигашот Тиквеш се надева дека по една и пол деценија конечно ќе се врати во прволигашкото друштво. Последна пречка за кавадарчани е тимот на Силекс, кој како осмопласиран во елитата мора да игра дополнителен бараж за да го сочува местото меѓу најдобрите во македонскиот фудбал. И двете екипи најавуваат победа, а ќе имаат и свои навивачи во Скопје во обидот да ја остварат целта.
„Одиме јако и чесно, да се вратиме во елитата“, велат од Тиквеш.
Кратовци имаат поголемо искуство во баражите и досега стоптоцентен ефект на ваквите мечеви низ историјата. Но, тоа нема да им биде премногу од корист на денешната пресметка.
„Тиквеш е квалитетен состав, со искусни фудбалери со кои и јас своевремено играв во прволигашката конкуренција. Подготвени сме за предизвикот и веруваме дека ние ќе се радуваме на крајот“, вели Горан Симов, тренерот на Силекс.
Бараж мечот за пополнување на местото во Првата лига ќе се одигра денеска, со почеток во 16.30 часот, на стадионот во Ѓорче Петров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
