
Силекс и следната сезона ќе биде дел од Првата фудбалска лига на Македонија. Тимот од Кратово го доби баражот за пополнување на последното место во елитата против второлигашот Тиквеш со 3-2.
Силекс стигна до два гола предност веќе по првите 15 минути од мечот. Бобан Георгиев со одличен удар од далечина го отвори резултатот во 12.минута, а три минути подоцна постигна уште еден гол по центаршутот од десната страна.
Тиквеш се врати во игра со голот на Иван Ивановски во 22.минута. Но, три минути подоцна, Марко Рајковиќ зголеми на 3-1 со удар со глава, по нафрлувањето од десната страна.
Тиквеш намали во 58.минута. Ѓорѓи Мојсов изведе слободен удар од голема далечина, шутираше кон голот, топката се одби до Иван Ивановски, кој намали на 3-2. Но, составот од Кавадарци немаше сили и да израмни, па и следната сезона ќе игра во Втората лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
