Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе прави комплетно нов тим за следната сезона. Поради ова, раководството објави дека клубот го напуштаат дури десетмина фудбалери.
„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона.
На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери“, објавија од Вардар.
Тренерот Бобан Грнчаров и спортскиот директор Александар Бајевски ќе имаат задача да формираат нов тим кој ќе ја има мисијата да го врати клубот во прволигашка конкуренција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













