Фудбалскиот првак Шкупи ја раскина соработката со шест фудбалери кои минатата година беа дел од тимот. Тимот од Чаир им се заблагодари за соработката на Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Руатубјаје.
„Нашиот тим соопштува дека ја раскина соработката со шест фудбалери. Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубјаје. Договорите за раскинување на соработката се со договор на двете страни, додека нашиот клуб им се заблагодарува на фудбалерите за придонесот и им посакува многу среќа во следните предизвици“, соопшти Шкупи.
Тимот од Чаир веќе е на подготовки во Охрид, а утре ќе го одигра и првиот пријателски натпревар против косовскиот тим Балкани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













