Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф од 4-0 над Гибралтар го заокружи јунскиот циклус во Лигата на нации. Поразот од Грузија ги намали сериозно шансите за првото место во групата, па Милевски и фудбалерите ќе треба да се надминат себеси во септември за да ја остварат целта.
Мечот со Гибралтар беше можност и за деби за дел од помладите фудбалери во А-тимот, а на теренот се најде и фудбалерот на Жилина, Енис Фазлагиќ.

„Одигравме одличен прв дел и го решивме мечот. Секако дека ќе играме на победи и во септември. Оваа селекција секогаш игра на победа и така ќе биде и во иднина“, изјави Фазлагиќ.
Македонија во септември ја очекува гостување кај Грузија и натпревар дома против Бугарија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













