Турскиот првак Трабзонспор и понатаму притиска за реализација на трансферот на Езгјан Алиоски. Раководството му нуди настап во Лигата на шампионите, но и годишна заработка од 2 милиони евра, откриваат турските медиуми.
Тренерот Абдула Авчи инсистира Алиоски да биде засилување за тимот за левата бековска позиција и се надева дека во наредните денови трансферот би можел да биде комплетиран.
По репрезентативните обврски, Македонецот сега може да се фокусира на преговорите и конечно да го реализира враќањето во Европа. Тој има актуелен договор со Ал Ахли, но најверојатно и ќе се обиде да се врати на Стариот континент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













