
Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Гибралтар со 4-0 и со седум бода го заокружи циклус од четири натпревари во Лигата на нации. Овој триумф секако беше очекуван, а за селекторот и фудбалерите секако останува горчливиот вкус од поразот со Грузија.
„Можеби јас и играчите жалиме за Грузија, особено по еден таков натпревар на кој игравме добро. Но, во целина, задоволен сум од пристапот, од залагањето, навистина сум благодарен што фудбалерите одвоија дел од одморот за да играат за репрезентацијата во овој јунски период. Имаме квалитет, имаме потенцијал, а ќе видиме што ќе се случува до крајот во оваа група од Лигата на нации“, изјави Благоја Милевски.
До крајот на овој циклус во Лигата на нации, Македонија треба да игра дома против Бугарија и на гости против Грузија во септември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ансу Фати пред трансфер во Монако
