Тренерот Александар Стојанов следната сезона нема да ја предводи Беласица. Тој заминува од клупата на струмичкиот второлигаш.
„Чест и задоволство беше да се биде дел и да се води Беласица оваа сезона, во година кога клубот прави јубилеј од 100 години, во година која почнавме да градиме сосема нова екипа од претежно млади играчи кои само што започнуваат во сениорски фудбал, во година која и според игрите сето тоа беше препознаено и бевме наградени после долго време да Беласица има тројца репрезентативци. Во година каде имавме и тажни моменти, но се издигнавме брзо, во година каде стигнавме до самиот крај и бевме само на чекор до најпосакуваното, но во спортот некогаш фали и малку повеќе среќа, а на крајот таа не заобиколи малку повеќе и не успеавме“, вели досегашниот тренер на Беласица.
Тој е горд што беше на кормилото на овој тим.
„Но, и покрај се треба да бидеме сите горди, затоа што успеавме да направиме една фамилија која дишеше како едно, едни момци кој го оставаа срцето на терен, едни борци на кој Беласица оваа сезона им беше се. Ми беше чест што бев нивен предводник оваа сезона и што чекоревме цврсто заедно во сите битки се до самиот крај. Огромна благодарност до сите структури во клубот, целиот стручен штаб, од доктор до економ, најголема благодарност до претседателот за укажаната доверба која ми значеше премногу и секако на најверните навивачи „Ајдуци“ кои оваа сезона не бодреа до последно. Беласица беше и ќе остане дел од мене, секогаш и во секое време, до следно видување“, истакна Александар Стојанов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski