Македонија загуби убедливо во Скопје од Грузија со 0-3 и речиси ги загуби шансите за првото место во групата и нова шанса преку бараж да се пласира на ЕВРО 2024. Селекцијата на Вили Сањол беше немилосрдна и во второто полувреме ги казни сите грешки на македонскиот национален тим.
Селекторот Благоја Милевски вели дека ова издание е максимумот на Македонија во овој момент, а дека Грузија е многу подобро подготвена репрезентација на физички план.
„Честитки за Грузијците, беа подобри. Што се случи во вториот дел? Паднавме на физички план. Имавме контрола на играта до 50.минута, а потоа се случи голем пад. Немам што да им замерам на момците. Во овој момент ова е нашиот максимум, а Грузија е барем едно ниво подобро физички подготвена репрезентација од Македонија. Жалам што не постигнавме гол или два во периодот кога доминиравме. Но, тоа е фудбалот, гледате и од резултатот во Гибралтар, денеска сите играат фудбал и мора да се респектираат“, изјави Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













