
В петок од 10 часот на стадионот „Лавови“ во населбата Ѓорче Петров ќе започне премиерното издание на силниот меѓународен фудбалски турнир за играчи до 14 години „Вардар Куп 2022“, на кој учество ќе земат дел од најдобрите фудбалски академии и фудбалски брендови на балканот и пошироко, Црвена Звезда и Партизан од Србија, Осијек од Хрватска, Лудогорец од Бугарија, СВ ДСО Зоетермеер од Холандија и секако домашната екипа на Вардар.
Официјалното отворање на турнирот е предвидено за два часа подоцна кога од 12 часот ќе се сретнат екипите на домашниот Вардар и Црвена Звезда, натпревар кој ќе го отворат заедничките легенди на двата тима Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Турнирот ќе трае три дена, а завршните борби за трофеите се закажани за в недела со почеток од 9 часот (натпревар за 5. место), 11 часот (натпревар за трето место) и големото финале кое ќе започне од 13 часот. Организаторите на турнирот ги покануваат сите љубители на фудбалот да присуствуваат на уникатната можност да проследат силни и кввлитетни натпревари за играчи до 14 годишнна возраст, со надеж дека токму на овој турнир ќе се родат идни фудбалски ѕвезди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
