Поранешниот македонски репрезентативец Љупчо Марковски е нов тренер на Работнички. Раководството на клубот се договори со досегашниот тренер на Скопје да се пресели во Градски Парк и следната сезона да го предводи тимот на „романтичарите“.
„Работнички му ја доверува шансата на Љупчо Марковски да биде нов шеф на стручниот штаб. Сметаме дека со неговиот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери, ќе успееме заеднички да го подигнеме нивото на младиот тим на Работнички. Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање на македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски, за официјалниот сајт.
Во наредните неколку дена, Работнички ќе го објави планот за летни подготовки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













