
Работнички го постави Александар Влахо за нов шеф на стручниот штаб. Тоj во наредните две сезони ќе го предводи тимот на „романтичарите“.
„По преговорите со неколку домашни и странски стратези, донесовме одлука Александар Влахо да биде именуван за нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Се работи за млад домашен стратег кој има ПРО лиценца, добро го познава македонскиот фудбал, а истовремено има и одредено интернационално искуство. Низ разговорите се покажа дека има визија речиси идентична со нас за развојот и напредокот на ФК Работнички, гладен е за успеси и добива шанса да се докаже на кормилото на нашиот тим“, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски, за официјалниот сајт на клубот.
Александар Влахо е среќен што добива можност да биде кормилар на Работнички и се надева дека со напорна работа ќе успее да ги оствари зацртаните цели на клубот.
„Би сакал да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и раководството на Работнички за довербата, се надевам дека максимално ќе ја оправдам со напорна работа и со успешни резултати. Не очекува многу работа, клубот е во фаза на формирање на нов тим, а максимално ќе бидеме посветени и да ја задржиме стратегијата за форсирање на млади фудбалери од младинската школа“, изјави Александар Влахо.
Првата прозивка за новата фудбалска сезона, Александар Влахо ќе ја изврши на 26 јуни, со почеток во 18 часот, во клупската база на Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
