
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за новото издание во Лигата на нации. Целта ја посочи селекторот Благоја Милевски на првиот собир, Македонија атакува на првото место во групата, а голманот Дамјан Шишковски вели дека добрите игри и резултати на националниот тим наметнаа и поголеми очекувања.
„Македонската јавност очекува многу од нас, по изданијата со Италија и Португалија. Подготвени за следните четири меча и знаеме дека македонската јавност сега очекува многу од нас, после натпреварите со Италија и со Португалија. Со нашите резултати сега сме во позиција сите да веруваат во нас и на секој нареден меч ќе одиме на победа. Ќе го дадеме максимумот како и секогаш, за да ги оправдаме очекувањата. Не очекуваат тепки четири натпревари за десет дена, селекторот најави дека ќе ги распореди силите. Веруваме дека ќе оствариме добри резултати“, изјави Шишковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
