Навивачката група на Црвена Звезда, популарните „Делије“ му испратија порака на српскиот селектор, легендарниот Драган Стојковиќ Пикси кој е петта звездина ѕвезда, и се откажаа од него. Ова се случи на финалето на Купот на Србија во кое Црвена Звезда го победи Партизан со 2-1.
„Никогаш не беше твоја, никогаш не беше наш. Секој звездаш се сеќава на деценискиот потоп после тебе. Сајонара“, пишуваше на транспарентот на северната трибина, каде се сместени најверните фанови на Црвена Звезда.
Стојковиќ вечерва првпат дојде на „Маракана“ откако стана селектор на репрезентацијата во декември 2020 година, а беше во друштво на Стеван Стојановиќ, капитенот на генерацијата на „црвено-белите“ која ја освои титулата европски и светски првак во 1991 година и во која беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal