
Македонскиот репрезентативец Енис Барди ова лето би можел да го напушти Леванте, со оглед дека клубот ќе испадне од елитната шпанска лига. За него постои интерес од повеќе клубови, а меѓу нив е и францускиот Лион.
Како што откриваат француските медиуми, Барди е едно од имињата на списокот на желби на тренерот Питер Бош за следната сезона. Тој би требало да го засили средниот ред на тимот кој исто така имаше лоша сезона во францускиот шампионат. Лион се наоѓа на осмата позиција во пресрет на последното коло и следната сезона нема да настапува во европските купови.
Барди по убедливиот пораз од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, кога Леванте и дефинитивно испадна од елитата, на социјалните мрежи потенцираше дека сите заедно ќе се потрудат да го вратат клубот во Ла Лига по само една сезона. Ова беше протолкувано и како најава дека тој ќе остане во тимот и следната сезона. Но, од друга страна, одличниот играч за врска има и понуди за промена на средината.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
